Шестмина загинати во експлозија на автомобил-бомба во Ирак

Ирачката полиција соопшти дека шест луѓе загинаа, а 10 се повредени во експлозија на автомобил-бомба, јужно од Багдад. Автомобилот бил паркиран пред ресторан во градот Мусајиб, 60 километри јужно од главниот град.