Фени Индустри - Кошаркарски шампион на Македонија

Кошаркарите на Фени Индустри се новите шампиони на Македонија, откако синоќа го победија Вардар Осигурување во решавачкиот натпревар од финалната серија во плеј-офот.
Во преполната сала „Јасмин“ во Кавадарци, со резултат 86:72, домаќините дојдоа до вкупни 4:3 во победи.
Освоената титула за кавадарчани е втора во клупската историја. Тие и пред две години беа на врвот во мак-баскетот.