Косово доби покана за ЕУ самитот во Сараево

Косовските власти соопштија дека добиле покана за присуство на конференцијата на ЕУ за Балканот, која е закажана идниот месец во Сараево. Во соопштението на косовското Министерство за надворешни работи се вели дека во поканата „јасно е наведено“ дека претставниците на држави на конференцијата ќе се претставуваат само со име и презиме а не со функции. Српсаките власти претходно соопштија дека ќе испратат претставник на настанот само доколку учесниците на конференцијата не се претставуваат со титулите.