Полициски час во Тајланд

Властите во Тајланд воведоа полициски час во 21 провинција низ земјата по немирите во Банкок, главниот град на земјата. Одлуката за воведување поилициски час следи по насилните протести во седум провинции низ земјата за време на кои беа запалени јавни установи. Претходно, вооружените сили насилно влегоа во импровизиран камп на демонстрантите, популарно наречени „црвените кошули“ кои веќе неколку месеци протестираат против лошите социо-економски услови во земјата. Четворица загинаа во последните судири меѓу демонстрантите и полицијата, меѓу кои и италијански фоторепортер.