Предлог закон за забрана на забулувањето во Франција

Француската министерка за правда Мишел Алиот Мари денеска презентираше предлог закон со кој се забранува забулувањето во јавност. Доколку предлог законот се изгласа, секоја забулена жена во јавност ќе добие казна во висина од 150 евра. Дополнително, секој што принудува жена да се забулува ќе добие максимум една година затворска казна и парична глоба во висина од 15.000 евра. Законот ќе се најде пред пратениците во парламентот на есен.