Главните за безбедноста на САД во посета на Пакистан

Двајца високи советници за национална безбедност на американски претседател Барак Обама се во Пакистан на разговори за безбедносна соработка. Американскиот советник за национална безбедност генерал Џејмс Џонс и директорот на ЦИА, Леон Панета се состанаа со високи владини и воени официјални претставници на пакистанските власти во Исламабад. Како што е познато, американски државјани од паклистанско потекло се обиде да постави бомба во Њујорк.
Тој тврдеше дека бил наводно обучуван од Талибанците во Пакистан.