Гасоводот „Турција-Грција-Италија“ конкурент на Набуко и Јужен Поток

Турската Влада најави дека наскоро ќе го одобри Договорот за изградба на гасоводот „Турција-Грција-Италија“ ТГИ, со што овој проект се повеќе добива контури на нов конкурент на веќе најавените гасоводи „Јужен Поток“ и „Набуко“.
Согласно Договорот за проектот, кој веќе го одобрија Атина и Рим, гасот во овој систем би доаѓал од Азербејџан и преку Турција и Грција би се пренесувал до Италија.Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз најави дека договорот за гасоводот ТГИ наскоро ќе биде доставен за ратификација до големото Национално собрание на Турција.
Согласно договорот, гасоводот треба да биде пуштен во употреба во 2012 година.