Во Белорусија приведени членови на опозицијата и на НВО

Неколку невладини организации од Белорусија соопштија дека властите вчера привеле десетици активисти на опозицијата и на тие организации. Власта се плаши од нашата кампања чија цел е будење на белоруското опшптество, изјави претставник на невладиниот сектор. Некои политички аналитичари во Белорусија оценуваат дека последните притворања би можеле да бидат дел од акцијата на властите за отстранување на преостанатата опозиција пред претседателските избори кои мора да бидат одржани до февруари идната година. Претседател на Белорусија во последните 16 години е Александар Лукашенко, кого Запад го критикува поради репресијата врз опозицијата и цивилниот сектор.