Времето денеска ќе биде променливо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи меѓу еден и осум, а дневната ќе биде меѓу 13 и 22 степена. Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 20 степени.