Медведев: Русија нема да ја заобиколи Украина

Русија не планира да ја заобиколи Украина при изградбата на гасоводите, изјави денеска рускиот претседател Димитриј Медведев, додавајки дека ако има интерес од официјалн Киев, Русија и Украина може да разговараат за соработка на енергетски проекти. Медведев ги даде ове забелешки при совето обраќање на Украинско – Рускиот бизнис форум во Киев, кон крајот на неговата дводневна посета во Украина. Неодамна, рускиот премиер Владимир Путин предложи спојување на руската и украинската државна компанија за природен гас, предлог кој беше отфрлен од украинските власти.