Треба да се преговара со талибанците за мир во Авганистан, смета Карзаи

Западните лидери сфаќаат дека со оружје нема да има победа во војната во Авганистан, рече денеска авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, додавајки дека со мировните разговори мора да се апелира до талибанците. На денешната прес конференција Карзаи изјави дека тој и американскиот претседател долго разговарале за безбедносната ситуација во Авганистан. Се очекува идниот месец авганистанскиот претседател да ги презентира предлозите за преговори со талибанските милитанти.