Груевски и Папандреу изразиле желба спорот да се реши побргу

Премиерите на Македонија и на Грција Никола Груевски и Јоргос Папандреу денеска имаа неформална средба на маргините на самитот ЕУ во Мадрид на која разговарале за прашањето за името, за состојбата во двете земји, економската криза во Грција и проблемите со кои се соочува Македонија и дали тие би можеле да бидат пречка за решавање на билатералниот спор. Двајцата премиери изразиле желба и волја прашањето да се реши што е можно побргу. Од двете страни била изразена посветеност на разговорите и отвореност и понатаму за директни средби и за заклучување на процесот преку ОН. Се разговарало и за перспективите на регионот и неопходноста од негова интеграција во ЕУ.