Медведев: Украина е добредојдена во Колективната безбедносна организација

Рускиот претседател Димитриј Медведев изјави дека Украина е добредојдена да му се придружи на безбедносниот блок на поранешните советски републики на чело со Русија. Во колективната безбедносна организација членуваат Ерменија, Белорусија, Казакстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Доколку Украина сака да и се придружи на организацијата, би ни било драго да ве примиме, изјави Медведев за време на официјалната посета во Киев. Руско – украинската соработка се интензивираше откако Виктор Јанукович беше избран за претседател на Украина. Неговиот претходник Виктор Јушенко повеќе инсистираше земјата да се интегрира во НАТО.