Кацин: ЕУ да помогне да се најде компрoмис за името

Советот на Европската унија, Европската комисијата, па дури и самиот еворкомесар за проширување мораат да најдат своја улога околу изнаоѓањето компромис за името за Македонија, затоа што единствено успехот на тоа поле може да гарантира забрзување на европската интеграција на земјата и на остатокот на регионот. Ова, како што јавува МИА, го изјавил Јелко Кацин потпретседател на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа на денешната средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе во Стразбур, на која разговарале главно за процесот на европските интеграции.