Состанок на миснистрите за финансии на ЕУ

Денешниот состанок во Брисел на министрите за финансии на Европската унија е посветен на воспостувањето нови рамки за регулирање на таканаречените хеџ фондови за кои се смета дека се причина за нестабилноста на финансиските пазари во светот. Станува збор за инвестициони компании кои контролираат вложувачки пакети од 1 500 милијарди долари во светот. Некои европски влади сметаат дека овие фондови претставуваат опасност за светскиот финансиски ситем и бараат нивно построго регулирање.