Македонско италијански бизнис форум

Заменик министерот за економија на Италија Адолфо Урсо денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана од министерот за економија Фатмир Бесими. Како што е соопштено, тие ќе потпишат заедничка декларација за зајакнување на соработката, а ќе учествуваат и на бизнис форумот што во Скопје го организира Италијанскиот институт за надворешна трговија при Амбасадата на Италија. На оваа деловна средба на која ќе учествуваат 35 италијански и 60 македонски компании ќе биде презентиран и проектот за зајакнување на соработката меѓу западно балканските и италијанските мали и средни претпријатија.