Премиерот Груевски на самит во Мадрид

Премиерот Никола Груевски денеска во Мадрид ќе учествува на шестиот Самит на шефовите на држави или влади на Европската унија и Латинска Америка и Карибите. Централна тема на самитот е иновацијата и технологијата за поддршка на одржливиот развој и социјалната вклученост. Предвидено е денеска Груевски да присуствува на работниот ручек кој за шефовите на владите на Македонија, Хрватска и Турција, го организира Марија Тереза Фернандез де ла Вега, прв потпретседател на шпанската Влада. Шпанија до 30 јуни претседава со Европската унија. На секои две години ЕУ и земјите од Латинска Америка и Карибите одржуваат бирегионални самити посветени на низа прашања – политички, економски, образовни, научни, технолошки, културни и социјални.