Реакции за нуклеарниот договор на Иран

Од Белата куќа соопштија дека земјите членки на Обединетите нации и нејзините сојузници сериозно се загрижени за нуклеарниот договор кој Иран го склучи со посредство на Турција и Бразил. Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс изјави дека Иран мора да ги преземе неопходните чекори за да ја убеди меѓународната заедница дека неговата нуклеарна програма е наменета исклучиво за
мирољубиви цели. Портпаролот пак на шефот на ОН, Бан Ки-Мун, изјави дека договор постигнат со посредство на Турција и Бразил дава надеж, но Техеран мора да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност. Советот за безбедност побара Иран да
ја суспендира својата програма за збогатување на ураниум. Рускиот претседател Дмитриј Медведев, исто така, внимателно го поздрави договор и предупреди дека договорот можеби нема во целост да ја задоволи меѓународната заедница. Од Европската унија велат дека договорот може да биде чекор во вистинската насока. Според договорот, ураниум ќе биде предаден на Турција на доработка.