Еврозоната бара спас за еврото

Германија врши притисок другите земји кои го користат еврото, брзо да го намалат дефицитот, што според нив е единствениот начин европската валута да ја обнови довербата и да излезе надвор од кризата. Германскиот министер за финансии, на состанокот со претставници на земјите од еврозоната, изјавил дека смалувањето на дефицитот е единствената работа која мора да ја направат за себе и за другите. Министрите за финанси на земјите членки на еврозоната разговараат за предлозите од извршните власти на ЕУ за регулирање на еврото. Според нив секоја земја треба да ги надгледува економиите и буџетите на другите земји пред да им бидат одобрени од националните парламнети.