Барање до Иран да се ослободат тројца американски туристи

Мајките на тројца американски туристите кои се заробени во Иран речиси 10 месеци, планираат да ги напуштат Соединетите Држави и да го посетат Иран, откако претходно Иран им додели визи. Мајките се надеваат дека таму ќе си ги видат своите деца . Тие планираат да се пожалат на иранските власти во Техеран и да побараат ослободување на нивните деца. Тројцата туристи беа приведени во Иран во јули минатата година откако влегле во Иран од северен Ирак. Иранските власти ги обвинуваат за илегален влез во Иран и поврзаност со разузнавачките служби, но тие не се формало осудени.