НАТО: Договорот меѓу Иран и Турција е знак на напредок

Врховниот командант на НАТО Адмиралот Џејмс Ставридис изјави дека договорот меѓу Иран и Турција за размена на збогатен ураниум е „добар знак на напредок“. Денеска Иранските власти се согласија да испратат 1200 килограми збогатен ураниум во Турција во замена за нуклеарно гориво за реакторот во Техеран. Пратката во Турција сепак ќе биде во соптвеност на Иран. Ние ќе имаме право да испратиме набљудувачи со цел да се потврди дека ураниумот соодветно се чува, изјави шефот на иранската дипломатија Манчуер Мотаки, додавајки дека ураниумот ќе биде испратен штом договорот ќе биде соодветно подржан.