Ирак и Кина потпишаа договор за нови нафтени полиња

Ирачката и Кинеската нафтена компанија денеска ги финализираа договорите за отворање на нови нафтени полиња. Станува збор за единаесетти договор на Багдад склучен со странски фирми. Со целосната имплементација на договорот, Ирак би требало да стане наголемиот светски извозник на суровината. Согласно денешните договори, барел нафта ќе се извезува по цена од 2,30 американски долари. Повеќе од три четвртини од приходите во ирачката државна каса се од продажба на нафта.