Две жртви од поплавите во делови на Полска и Чешка

Поплавите што ја зафатија централна Европа веќе однесоа 2 човечки живота, еден во Чешка и еден во Полска. Поплавите се најинтензивни во источниот дел на Чешка, каде што потоците и малите реки, поради големите дождови, носеа се пред себе, а луѓето во некои места беа принудени да се евакуираат. Во Полска најзагрозен е јужниот дел на земјата, а страхувања од поплави има и во делови од Словачка.