Пад на еврото

Еврото денеска падна на најниско ниво во последните 4 години поради обновените сомневања во економската сила на земјите од евро-зоната. Денеска еврото се разменува за долар и 22 центи, а аналитичарите оценуваат дека е доведен во прашање економскиот раст во евро-зоната.