Бериша го демантира Бош

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека владејачката партија не добила документ за постигнување компромис за надминување на политичката криза во земјата, по изјавата на амбасадорот на ОБСЕ, Роберт Бош дека е подготвена таква спогодба. Неговиот најголем политички опонент социјалистичкиот лидер Еди Рама, претходно се изјасни дека неговата партија е подготвена за секое решение „кое го отвора патот на транспарентноста“. Во земјата и натаму продолжува штрајкот со глад, а поради здравствени проблеми во болница се префрлени 44 штрајкувачи.