Пребројувањето на гласовите во Багдад не ги смени резултатите од изборите

Пребројувањето на гласовите од гласачките места во Багдад не го сменија исходот од изборите одржани во Ирак на 7 март. „Бројот на места во парламентот останува непроменет“ изјави Саад ал Рави, член на Независната државна изборна комисија. Најголем број на места во 325 члениот парламент освои партијата на поранешниот ирачки премиер Лиад Алави. Пребројувањето на гласовите од гласачите во Багдад беше иницирано по обвинувањата за изборен фалсификат.