„Про-владин“ протест во Киргистан

Денеска во главниот град на Киргистан се одржа протест на младинска група наречена „Ајкел“. „Ние сме за обединет и стабилен киргистан“, „Не постојат Јужен и Северен Киргистан“ и „Бандитите треба да бидат во затвор“. Ова се натписите на на транспарентите со кои околу 1.000 демонстранти маршираа низ Бишкек. Лидерот на привремената власт во земјата Роза Отумбаева се сретна со претставници на групата кога демонстрантите пристигнаа на плоштадот во центарот на градот и им се заблагодари за нивната подршка.