Хуманитарен хепенинг „Напред Розово“ во Скопје

Здружението „Борка - За секој нов ден“ во соработка со НВО „Интегритет Алфа и Омега“ и со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје денеска во Градскиот парк организира хуманитарната акција „Напред розово 2010“. Целта на акцијата е да ја зголеми свесноста за ракот на дојка и да собере средства за нова клиника за хемотерапија во Скопје. На настанот ќе настапат и познати музички имиња. Организаторите очекуваат да се повтори успехот од првата акција „Напред розово“ одржана минатата година, која привлече над 2.000 хумани луѓе.