Лажна закана за бомба на патнички авион

Патнички авион кој летал од Хонг Конг до Ванкувер бил придржужен од борбени авиони до Канада поради лажна закана за бомба. По слетувањето на авионот на компанијата „Катај рлајнс“, канадската полиција го претресла багажот и ги проверила патниците. При претресот не биле пронајдени сомнителни работи кои би ја загрозиле безбедноста на патниците, соопштија од полицијата.