Неуспешен обид за санирање на пукнатата нафтена цевка во Мексиканскиот залив

Пропаднаа последните напори за стопирање на истекот на нафта од пукната подводна цевка во Мексиканскиот залив. Компанијата „Бритиш Петролеум“ се обиде да приклучи одвод на пукнатата цевка преку кој нафтата требаше да се испумпува на брод, но првиот обид беше неуспешен. Од компанијата соопштија дека денеска ќе се обидат повторно да го санираатр истекувањето. Нафтениот извор предизвика еколошка катастрофа откако платформа за екстракција на нафта во сопственост на британската компанија експлодираше минатиот месец.