Стопирани летовите во Белфаст

Летовите од Белфаст во Северна Ирска денеска ќе бидат стопирани за најмалку неколку часа поради облакот вулканска пепел кој се шири од Исланд. Вчера британските власти најавија можно затворање на аеродроми во јужниот дел на земјата а не се исклучува ни можноста за стопирање на летовите од „Хитроу“, најфреквентниот аеродром во Британија. Во април, по ерупцијата на вулканот во Исланд, повеќе аеродроми низ Европа беа затворени. Воздухопловните власти стравуваат дека пепелта од вулканот може да се застакли во моторите на авионите.