Потврдена пресудата за смртна казна за шестмина иранци

Иранскиот јавен обвинител Абас Јафари Долатабади потврди дека шестмина биле осудени на смртна казна поради учество на ланските протести, кои избија во знак на незадоволство од резултатите од претседателските избори. Шестнимата биле осудени поради тоа што биле членови на забранетата и протерана група Народни муџахедини. Иранските власти уапсија околу 4.000 учесници на минатогодишните протести.