Турскиот премиер ја привршува посетата на Грција

Премиерите на Турција и Грција денеска завршија со дводневните разговори за подобрување на односите меѓу двете земји. Кон крајот на својата посета во Атина, турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска присуствуваше на ручек со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу. Во петокот двајцата лидери разговараа за подобрување на сотработката меѓу Турција и Грција, како и за подобрувањето на економската соработка и намалување на трошоците за вооружување, со цел намалување на евентуални тензии. Ердоган е прв турски лидер кој ја посетил Грција од 2004 година. Неговата делегација брои 400 лица, меѓу кои десетина министри и околу 150 турски бизнисмени.