Почна лидерската средба во Јасен

Во резерватот Јасен почна неформалната средба на претседателот Ѓорге Иванов со лидерите на поголемите политички партии во Македонија. На средбата со шефот на државата присуствуваат претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети. Лидерите на ДПА Мендух Тачи и на Нова Демократија Имер Селмани не дојдоа на состанокот.