Стотина руски работници штрајкуваат со глад

Околу 160 работници во фабрика во Сибирскиот регион Алтаи почнаа штрајк со глад поради тоа што не добиле плата шест месеци. Новинската агенција „Интерфакс“ јави дека вработените во фабриката за трактори не добиле плата од декември. Работниците планираат да штрајкуваат во две ротирачки групи од по осумдесетина лица. Локалниот лидер на комунистичката партија Сергеи Јуршенко изјави дека на тој начин, штрајкот може да трае до бескрај. Работниците во фабриката, која се наоѓа на околу 3,000 километри од Москва, велат дека во март им било ветено исплаќање на заостанатите примања.