Карзаи во посета на Британија

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска пристигна во Лондон, по четиридневната посета ан Вашингтон. Предвидено е тој да се сретне со новоизбраниот британски премиер Дејвид Камерон и да му ја честита победата. Двајцата лидери, меѓу другото би требало да разговараат и за проширувањето и зајакнувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соопштија официјални извори. Во Авганистан денес има 9.000 војници кои, како дел од НАТО, се борат против талибанските милитанти и бунтовниците.