Ставревски - ЕБОР и ЕИБ заинтересирани за Македонија

Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка се расположени, како се приближуваме во процесот на интеграција кон Европската унија да дадат поддршка за економскиот развој на земјата, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по завршувањето на Годишното собрание на ЕБОР што се одржа во главниот град на Хрватска.
ЕБОР, според Ставревски, била е заинтересирана да инвестира околу пола милијарда евра во следните неколку години во Македонија во проектот за ревитализација на железничката пруга од Коридорот 10, проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8 на релација Куманово - Деве Баир, како и во изградбата на гасоводниот систем во Македонија.
Тој со претставниците од ЕИБ разговарал и за кредитната линија во износ од 100 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија, јави МИА.