Во денешните насилства во Банкок има три жртви

Во Бангкок денеска продолжија насилствата. Како што се јавува, полицијата отворила оган врз анти-владините демонстранти. Во денешните насилства има најмалку 3 жртви, а во четвртокот загинаа 16 лица. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, повика на ставање крај на уличните борби.