Москва и Вашингтон се сомневаат дека Техеран ќе ги избегне санкциите

Москва и Вашингтон се сомневаат дека Техеран може да се избегне уште една рунда санкции на ОН поради неговата нуклеарна програма. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека бразилскиот претседател Луиз Инацио Лула да Силва има 30 насто шанси да го убеди Иран да прифати договор за нуклеарното гориво за време на посетата на Техеран в недела. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пак изјави дека Вашингтон се сомнева оти Техеран има намера за сериозен одговор на загриженоста околу неговата нуклеарна програма.