Меѓународен повик за смирување на ситуацијата во Киргистан

Меѓународната заедница повика на смирување на ситуацијата во Киргистан, каде што судирите продолжија во јужниот дел на земјата меѓу подржувачите на привремена влада и приврзаниците на остранетиот претседател Курманбек Бакиев. За време на вчерашните судири едно лице загина, а најмалку 60 беа повредени. ОН, ЕУ, САД и Русија го упатија овој повик откако привремената влада објави дека ја вратила контролата врз провинциски владини згради во Џалалабад, Ош, и Баткен.