Туркменистан оди кон повеќепартиски систем

Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов денеска повика на формирање нова политичка партија во земјата. На состанокот со шестотини племенски лидери во источниот дел на Туркменистан тој побара од парламентот да ги донесе потребните закони за тоа. Претседателот Бердимухамедов е шеф на единствената партија во земјата која беше формирана по распаѓањето на поранешната советска комунистичка партија во 1991 година.