ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се договорија за денационализацијата

Пратениците Талат Џафери од ДУИ и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ денеска информираа дека работните групи на двете пратенички постигнале согласност да интервенираат со амандмани во Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за денационализација.
Нема потреба од страв дека некој ќе им одземе нешто на верските заедници и на земјоделците со неденационализиран имот, изјави Бонева. Џафери појасни дека со амандамните ќе се укине второстепената комисија која одлучува по жалбите за денационализација, што значи по одлуката од првостепената комисија граѓаните ќе одат директно пред управните судови.
ВМРО-ДПМНЕ, вели Бонева, го поздравува конструктивниот однос на ДУИ и смета дека сите отворени прашања треба да се решаваат низ институциите на системот врз основа на законите во оваа земја.