ЕБОР заинтересирана за инфраструктурни инвестиции во Македонија

Македонија се очекува да добие околу 450 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за пакет проекти од патната инфрструктура, железницата и енергетиката. Ова е најавено на средбите што вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ги имаше во Загреб со претставници на ЕБОР. Како што јави МИА, Банката е заинтересирана за проектот за ревитализација на железничките пруги од Коридорот 10 и Кордорот 8, како и за проектот за изградба на гасоводниот систем.