Судири во јужен Киргистан

Приврзаниците на преодната влада на Киргистан денеска се судриле со приврзаниците на соборениот претседател Курманбек Бакиев кои вчера во неколку градови во јужниот дел на земјата ги окупирале владините згради. Репортерот на Радио Слободна Европа јави дека во судирите во градот Џалалабад имало неколкумина повредени. Вчера Роза Отунбаева изјави дека нејзината влада ќе стори се за да се справи со силите кои сакаат да го вратат претседателот Бакиев кој во минатиот месец избега од земјата и сега се наоѓа во Белорусија.