Полицијата откри големо количество оружје во тетовско Ново Село

Македонската полиција синоќа привела неколку лица во текот на акцијата во Ново Село во општина Тетово кога при претрес на куќи е откриено поголемо количество оружје, јавуваат некои медиуми повикувајќи се на полициски извори. Во текот на акцијата немало пукање а лицата кои се приведени се од тоа подрачје, соопштила полицијата, не наведувајќи за колку лица станува збор. Притоа се наведува дека таа акција не е поврзана со завчерашната акција кај Радуша.