Обама и Медведев за побрзо усвојување нови санкции против Иран

Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Дмитри Медведев ќе бараат од своите преговарачи во ООН да ги „засилат напорите“ за усвојување резолуција за нови санкции против Иран, соопшти Белата Куќа. Вашингтон го сомничи Иран дека под изговор на цивилна програма развива нуклеарно вооружување, а Техеран тврди дека тоа не е точно.