Протести пред иранската амбасада во Стокхолм

Шведската полиција соопшти дека едно лице е повредено и неколкумина демонстранти се уапсени во денешниот инцидент пред иранската амбасада во Стокхолм. Стотина лица денеска протестираа пред иранската амбасада против смртната казна во исламската република. Демонстрантите, кои фрлале молотови коктели, се обиделе насилно да влезат во просториите на дипломатското претставништво.