Киргистан - Подржувачите на Бакиев влегоа во владината зграда во Ош

Подржувачите на остранетиот претседател на Киргистан, Курманбег Бакиев денеска ја ставиле под своја контрола локалната владина зграда во јужниот град Ош. Тоа се случило по демонстрациите на стотина лица а при превземањето на зградата немало повредени. Тие бараат Бакиев, како и сменетиот локален гувернер да се вратат на власт. Бакиев по крвавите немири во Бишкек избега во Белорусија.