САД загрижени за нуклеарните разговори на Русија со Сирија

Соеднинетите Американски Држави изразиле загриженост за нуклеарните разговори меѓу Русија и Сирија , велејќи дека земјите кои сакаат енергетската соработка со Дамаск треба да бидат свесни за недостатоците за нуклерните прашања кои ги има Сирија.
Портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули изјавил дека САД се загрижени бидејќи Сирија не одговорила на прашањата кои се однесуваат на договорот за спречување на нуклеарното наоружување. За време на посетата на Дамаск , рускиот претседател Дмитри Медведев изрази подготвеност да се изгради нуклеарна централа во Сирија .