Атлетико од Мадрид победник на Лигата на Европа

Фудбалерите на Атлетико од Мадрид се први победници на Лигата на Европа. Тие во финалето што се играше во Хамбург го совладаа англискиот Фулам со 2:1 во продолжението од два пати по 15 минути, откако во регуларните 90 минути резултатот беше 1:1. Двата гола за Атлетико ги постигна Уругваецот Форлан, а стрелец за Фулам беше Дејвис.